Електро-техничар во Одржување (Electrical Service Technician)
- Full-time
Company Description
„Гересхајмер“ е глобален лидер во решенијата за пакување на фармацевтски производи и испорака на лекови, нудејќи едно од најсеопфатните портфолија на производи за фармацевтската, биотехнолошката, здравствената и велнес индустријата. Компанијата овозможува безбедна, сигурна и лесна за користење администрација на лекови, поддржувајќи ги своите партнери од почетниот концепт до испораката на финалниот производ.
Со приближно 13.400 вработени и 35 производствени погони низ целиот свет, „Гересхајмер“ работи блиску до своите клиенти и пазари, следејќи регионална стратегија за производство. Палетата на производи вклучува инсулински пенкала, инхалатори, микропумпи, шприцеви, ампули за инјектирање, ампули, шишиња, пакувања за течни и цврсти лекови и решенија за пакување за козметичката индустрија.
Job Description
- Одржување на машински ситеми: Одржување на електро системи на производствените линии. Извршување на превентивни активности, како и детекција на дефекти и нивна поправка. Асистирање на тимот за одржување на објектот.
- Сооработка со тимови: Блиска соработка со тимот на производство и квалитет, со цел постигнување подобри перформанси на производствените линии. Блиска сооработка со останатите тимови во одржување на линиите и на зградата.
- Обезбедување на квалитетно производство: Со својата работа придонесува во произведување на квалитетен производ, зголемување на ефикасноста и продуктивноста на производствените линии.
- Извршување на тренинг и добри практики: Предлага решенија за подобра работа, ги споделува добрите практики со останатите колеги, сооработува со другите тимови на одредени специјални задачи.
Qualifications
- Образование: Завршено средно Електро училиште. Познавањето на Англиски јазик ќе се смета за предност.
- Работно Искуство: Најмалку 3 години работно искуство во индустриска средина. Работа со автоматизирани линии ќе се смета за предност.
- Техничко познавање: Разбирање на електро и електронски уреди, сензори, основно познавање на ПЛЦ, визуелни системи. Познавањето на машински склопови, хидраулични и пневматски системи ќе се смета за предност.
- Лични квалификации: Личност со желба за учење на нови напредни системи. Тимски играч, чесна и одговорна личност.
Additional Information
- Можности за раст: Напредувајте во кариерата со програми за континуирано учење.
- Тимска средина: Придружете се на тим каде има соработка и поддршка.
- Разновидност и инклузија: Работете во инклузивна средина.