Електро-техничар во Одржување (Electrical Service Technician)

  • Full-time

Company Description

„Гересхајмер“ е глобален лидер во решенијата за пакување на фармацевтски производи и испорака на лекови, нудејќи едно од најсеопфатните портфолија на производи за фармацевтската, биотехнолошката, здравствената и велнес индустријата. Компанијата овозможува безбедна, сигурна и лесна за користење администрација на лекови, поддржувајќи ги своите партнери од почетниот концепт до испораката на финалниот производ.

Со приближно 13.400 вработени и 35 производствени погони низ целиот свет, „Гересхајмер“ работи блиску до своите клиенти и пазари, следејќи регионална стратегија за производство. Палетата на производи вклучува инсулински пенкала, инхалатори, микропумпи, шприцеви, ампули за инјектирање, ампули, шишиња, пакувања за течни и цврсти лекови и решенија за пакување за козметичката индустрија.

www.gerresheimer.com

Job Description

  • Одржување на машински ситеми: Одржување на електро системи на производствените линии. Извршување на превентивни активности, како и детекција на дефекти и нивна поправка. Асистирање на тимот за одржување на објектот.
  • Сооработка со тимови: Блиска соработка со тимот на производство и квалитет, со цел постигнување подобри перформанси на производствените линии. Блиска сооработка со останатите тимови во одржување на линиите и на зградата.
  • Обезбедување на квалитетно производство: Со својата работа придонесува во произведување на квалитетен производ, зголемување на ефикасноста и продуктивноста на производствените линии.
  • Извршување на тренинг и добри практики: Предлага решенија за подобра работа, ги споделува добрите практики со останатите колеги, сооработува со другите тимови на одредени специјални задачи.

Qualifications

  • Образование: Завршено средно Електро училиште.                                                                      Познавањето на Англиски јазик ќе се смета за предност.
  • Работно Искуство: Најмалку 3 години работно искуство во индустриска средина. Работа со автоматизирани линии ќе се смета за предност.
  • Техничко познавање: Разбирање на електро и електронски уреди, сензори, основно познавање на ПЛЦ, визуелни системи. Познавањето на машински склопови, хидраулични и пневматски системи ќе се смета за предност.
  • Лични квалификации: Личност со желба за учење на нови напредни системи.                             Тимски играч, чесна и одговорна личност.

Additional Information

  • Можности за раст: Напредувајте во кариерата со програми за континуирано учење.
  • Тимска средина: Придружете се на тим каде има соработка и поддршка.
  • Разновидност и инклузија: Работете во инклузивна средина.
Privacy Notice