Лидер на производствена линија - Стакло

  • Full-time

Company Description

Гересхајмер е глобален партнер за примарно фармацевтско пакување и системи за аплицирање на лекови, присутен во фармацевтската, биотехнолошката, здравствената и козметичката индустрија. Со едно од најшироките портфолија на производи на пазарот, компанијата обезбедува безбедна испорака и сигурна примена на лекови до пациентите ширум светот.

Со околу 13.600 вработени и повеќе од 40 производствени локации глобално, Гересхајмер ги комбинира меѓународната експертиза и локалното производство. Преку иновации, висок квалитет и блиска соработка со клиентите, компанијата испорачува решенија од концепт до финален производ, придонесувајќи кон подобро здравје и благосостојба.

www.gerresheimer.com

 

Job Description

Обезбедува стабилно, безбедно и ефикасно работење на една производствена линија за производство на стаклени шприцеви во текот на 12-часовна смена, преку координација на операторите, навремена реакција на аларми и отстапувања и остварување на дефинираните KPI индикатори во однос на продуктивност, квалитет и застои.

Одговорности:

  • Раководи и надгледува една доделена SIN или RTF производствена линија за време на смена

  • Координира и организира работа на до 5 оператори на линијата

  • Ги следи процесните параметри и перформансите на машините

  • Навремено реагира на аларми, отстапувања и непланирани застои

  • Врши основно (прво ниво) отстранување на дефекти и иницира корективни мерки

  • Обезбедува исполнување на целите за продуктивност, квалитет и отпад во рамки на смената

  • Ги следи и подобрува KPI индикаторите како OEE, застои, процент на отпад и продуктивност

  • Обезбедува усогласеност со барањата за безбедност, квалитет и GMP стандарди

  • Се грижи за соодветна обученост, знаење и вештини на операторите за секојдневните активности

  • Ескалира технички или квалитативни проблеми до процесно или одржување кога е потребно

  • Обезбедува правилна промена на серии (changeover), стартување и рестартирање на линијата

  • Се грижи за правилно пополнување на производствената документација

  • Подготвува и предава комплетен извештај на крајот од смената

  • Обезбедува јасна и точна комуникација при примопредавање на смената

 

Qualifications

  • Минимум искуство како оператор на машина во индустриско производствено опкружување

  • Искуство во фармацевтска или медицинска индустрија ќе се смета за предност

  • Пожелно е претходно искуство во координација или водење на оператори

  • Добро познавање на ракување со машини и разбирање на производствени процеси

  • Основни технички знаења за дијагностика и отстранување на дефекти

  • Познавање на стандарди за квалитет и GMP регулативи

  • Високо ниво на свест и придржување кон безбедносни процедури

  • Способност за водење сменска документација и изготвување извештаи

Additional Information

 

 

 

Privacy Notice